Давитковски: Вработените во јавниот сектор се третираат како поданици на секоја власт, партиите прават лицитации за плати

Државата може да им ја намали платата на сите функционери, министрите, на пратениците, но не и на сите вработени во јавниот сектор без некој правен основ, вели за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Борче Давитковски, професорот на Правниот факултет.

-Мислев дека ќе реагираат судиите и јавните обвинители и во судската и јавно-обвинителската администрација, ЈО, Судскиот совет, пртетседателот на Врховен, но претпостаувам дека остаа занемени. Во услови на вонредна состојба сите треба да се прилагодиме. Принципот на солидарност сигурно е на прво место. Свесни сме сите дека дел од нашите плати ќе бидат смалени, но не на ваков радикален начин, рече тој.

Давитковски смета дека барем Кризниот штаб ќе направи анализа за платите во јавниот сектор.

-Ако сме во криза, значи дека имаме Влада, Кризен штаб кои прават анализи, гледаат каква е состојбата во буџетот. Секој ден се излегува на прес, се кажува колку ќе се задолжиме што е добро и се прави врз база на секојдневни анализи. Јас очекував дека барем Кризниот штаб ќе направеше некоја анализа и ќе оценеше дека платите во јавниот сектор ќе се смалат за 10, 20, 30 посто.

Тој истакна дека на ваков начин се добива впечаток дека јавниот сектор е поданик на секоја власт.

-Потоа да се донесе соодветна одлука базирана на правен основ. Вака испадна дека политичките паритии фактички јавната администрација и правосудството ги третираат како монета за поткусурување. Вработените во јавниот сектор се третираат како поданици на секоја власт, така што излегува дека во секој момент можат да бидат вработени, да бидат на минимална плата … Истото и за судиите, рече Давитковски.

Лошо е што во време на криза со коронавирус, да се врши лицитација на плати од политички партии.

-Ме зачудува леснотијата како се предлагаат овие предлози, знаејќи дека ние имаме независен судски буџет, органи кои што одлучуваат како тој ќе се троши. Претпоставувам дека без консултации на тие органи се кажува дека платите ќе се сведат на минималната плата – 14.500, рече Давитковски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот