Даската на која лебдеше Кејт Винслет во „Титаник“ е продадена на аукција за 718.750 долари

Фото: PARAMOUNT-20TH CENTURY FOX - Album / Album / Profimedia

Уште од прикажувањето на филмот „Титаник“ („Titanic“) во 1997 година, се води дебата дали даската била доволно голема за да го собере ликот на актерот Леонардо Дикаприо и да го спаси од смрт во ледената вода.

Сега ова дрвено парче е продадено за неверојатни 718,750 долари на аукција на реквизити и костими во сопственост на ланецот ресторани „Планет Холивуд“, објави „Би-би-си“.

Во блокбастерот „Титаник“, фиктивниот лик Џек, кој го игра Леонардо Дикаприо, инсистира дека даската, дел од рамката на врата, е доволно голема само за неговата љубовница Роуз, која ја игра актерката Кејт Винслет. Потоа ликот умира во ледениот Атлантик, а неговото тело исчезнува во длабочините на океанот.

Фото: PARAMOUNT-20TH CENTURY FOX – Album / Album / Profimedia

Во една епизода на „Митбастерс“, емитувана во 2012 година, режисерот Џејмс Камерон откри дека добива десетици мејлови дневно, во кои луѓето ја нарекуваат Роуз „себична“, а Џек – „идиот“. Но, Камерон стави крај на дебатата – Џек морал да умре според сценариото.

„Можеби згрешивме и даската требаше да биде малку помала, но типот мораше да умре“, изјави режисерот.

Според акциската куќа „Херитиџ“, даската била реконструкција на парчиња остатоци спасени по трагедијата на бродот во 1912 година.

Фото: Heritage Auctions / Ferrari / Profimedia

Во однос на дебатата дали можела да ги собере и двајцата, аукционерите наведуваат: „Рамката е долга околу 2,4 метри и широка еден метар“.

Меѓу другите реквизити на аукција беше и камшикот на Индијана Џонс, кој беше продаден за 525.000 долари. Костимот на Спајдермен, што го носеше актерот Тоби Мегваер, е продаден за 125.000 долари, додека секирата што актерот Џек Николсон ја употреби во филмот „Сјаење“ („The Shining“) ја достигна истата сума.

На аукцијата беа собрани 15,68 милиони долари, што ја прави една од најуспешните продажби на колекција на реквизити и костими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот