8 C
Скопје

Дарко Алексов: Изборите може да ги одложи Владата при прогласена вонредна состојба

Доколку се прогласи вонредна состојба поради опасноста од ширењето на коронавирусот, целокупната постапка за одложување на изборите е многу поедноставна, вели Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација „Мост“ во врска со правните начини како може да се одложат предвремените парламентарни избори што се закажани на 12 април.

– Ако се прогласи вонредна состојба, целокупната постапка е многу поедноставна. Владата ќе има право да носи уредби со законска сила, односно таа ќе може да донесе одлука за прекинување на изборниот процес или за негово одложување на неодредено време додека да заврши вонредната состојба. Ако, пак, не се прогласи вонредна состојба, основното прашање е како правно да се изведе одложувањето на изборите. Во овој случај уставните и законските одредби оставаат простор за дискусија за тоа дали Собранието може да се состане и да ја поништи својата одлука за распуштање, со што ќе го прекине изборниот процес. Како и да е, политичките чинители треба да се издигнат над ситуацијата, затоа што целиот свет се соочува со ваква ситуација во која е најважно здравјето на луѓето. Што и да се случи, не може да се обвинува оној кој што ќе преземе решителни чекори и одлуки – вели Алексов за „Слободен печат“.

Прочитајте и...  Апел од лингвистите до преговарачите од македонската страна: Да не прифаќаат разговори за категории, како јазик, нација и историја, за кои не може да „се преговара“

Тој објаснува дека ако се прогласи вонредна состојба, Собранието нема да мора да продолжи редовно да работи затоа што Владата ја презема улогата на законодавец.

– Владата донесува уредби со законска сила и тука Собранието веќе нема улога, освен во тоа да донесе одлука за прекинување или продолжување на вонредната состојба – објаснува Алексов.

Доколку изборите се одложат сите досегашни изборни актувности ќе прекинат, а потоа ќе почнат отпочеток.

– За ова веќе имаме искуство. Во 2016 година во април и мај се спроведуваа изборни активности, имајќи предвид дека на 15 април беа распишани избори, а требаше да се одржат на 5 јуни. Откако на 18 мај Собранието ги одложи изборите на неодредено време, изборните дејствија беа прекинати. Кога изборите повторно се распишаа на 18 октомври, за да се одржат на 11 декември 2016 година, изборниот процес започна од почеток – вели Алексов.

Прочитајте и...  ВМРО-ДПМНЕ за спомениците: Шилегов и Заев ќе завршат во срамниот дел од историјата на Македонија

На прашањето дали техничката влада има мандат да прогласи кризна состојба или да предложи вонредна состојба тој вели дека при светска закана и пандемија, тесното читање на Уставот и законите може да предизвика сериозни последици и уште поголема криза.

– Фактот што во техничката влада има министри и од опозицијата и дава кредибилитет да се справува со оваа криза, вклучително и да прогласи кризна состојба, како што беше тоа случај со прогласувањето на кризна состојба во две општини. Она што е важно да се напомене, е дека и претседателот може, не само да предложи, туку и самиот да донесе одлука за прогласување на вонредна состојба – објаснува Алексов.

Тој заклучува дека дека не само кај нас, во целиот свет ќе бидеме сведоци на одлуки и постапки кои за некого можеби ќе бидат невообичаени, но кои се неопходни за да се одговори на ситуацијата, а се додека има почитување на човековите права и основните демократски принципи, ваквите одлуки и постапки ќе бидат легитимни.

Прочитајте и...  Хумористични или апсурдни - амандманите ја преиспитуваат функционалноста на Собранието

Што вели Уставот?

Според член 125 вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии. Постоењето на вонредна состојба на територијата на Македонија или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници. Одлуката со која се утврдува постоењето на вонредна состојба се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и има важност најмногу 30 дена. Ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.

Според член 126 при постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила. Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае до завршувањето на воената или вонредната состојба, за што одлучува Собранието.

Поврзани вести

Изложби во Мала станица на добитниците на конкурсот на Националната галерија

Слободен печат

Во Инфективното одделение во Дебар починаа две пациентки од ковид-19

Слободен печат

КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

Слободен печат

ВИДЕО | ШТО СЕ СЛУЧУВА: Мистериозниот монолит исчезна од Романија, за сега нов да се појави во Калифорнија

СП.

Истражување: Луѓето без симптоми на коронавирусот се 42 отсто помалку заразни

Слободен печат

ВО ЖИВО: Обраќање на премиерот Заев на промоцијата на фотонапонската централа во неготинско

Слободен печат

Остави Коментар