Дарја Ризова доби награда за најдобра актерка на ФКТ „Ристо Шишков“

Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“, на Македонскиот народен театар, „Перипетија продукција“ – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, беше дел од натпреварувачката програма меѓу девет претстави на овогодинешниот 30. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ – Струмица, кој се одржа од 8 до 13 септември.

Дел од историјата на овој фестивал стана и Дарја Ризова, која ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ. Наградата ја додели жири-комисијата во состав: Звездана Ангеловска (актерка, претседател на комисијата), Нико Горшиќ (актер) и Петре Арсовски (актер).

Оваа година повторно ѝ се потврдува на Ризова нејзината максимална театарска професионалност и посветеност, која резултираше со уште една награда – четврта по ред, известија од МНТ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот