Данела Арсовска денеска ќе биде назначена за нов претседател на партијата „Нова Алтернатива“

Данела Арсовска градоначалник на Скопје / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вечерва ќе биде промовирана за нов претседател на политичката партија „Нова алтернатива“.

-Имаме чест да ве поканиме на конвенција за промоција на новиот претседател на политичката партија Нова Алтернатива Данела Арсовска. Конвенцијата ќе се одржи утре 17.01.2024 (среда) во 18 часот, во Кристална сала, хотел „Континентал“, стои во поканат а за конвенцијата од партијата.

Конвенцијата, според најавата, ќе се одржи во хотелот „Континентал“ со почеток во 18 часот.

Арсовска во телевизиско интервју на 5 јануари информираше дека се подготвува да формира политичка партија, но не одговори директно дали може да се очекува учество на оваа партија на претстојните парламентарни избори закажани за мај годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот