Далибор Петко го копираше аутфитот на Јелена Карлеуша – Луѓето „умираат“ од смеење (ФОТО)

инстаграм

Познатиот хрватски радио и ТВ водител Далибор Петко не се досадува ниту во присилната изолација. Тоа досега безброј пати го потврди, а доколку го следите на Инстаграм – ниту на вас не може да ви биде досадно.

Тој овој пат модна инспирација пронајде во Јелена Карлеуша која е позната по својот екстравагантен стил и храбро се одлучи да копира еден од нејзините последни стајлинзи.

Фото: Инстаграм / Јелена Карлеуша @karleusastar

Необичниот мал син фустан на Карлеуша добро и прилега на витата става, но се чини дека Петко овој пат ја засени.

„Како да останете гламурозни и во време на коронавирусот? Кога не можеш да излезеш, снајди се сам. За имитација на овој аутфит на Јелена Карлеуша потребни се три ролни украсна хартија и доста салотејп. Косата измијте ја пред снимањето“, се пошегува Петко во описот на фотографијата на која позира како Карлеуша.

На неговата смисла за хумор на остана рамнодушна ниту Јелена која ја копираше неговата фотографија и ја постави на Инстаграм стори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот