Дали знаете салото околу половината до која сериозна болест може да ве доведе?

Фото: Профимедиа

Ако нивото на шеќерот е зголемен, а уште не е толку висок за да се дијганостицира дијабетес, таквата состојба се означува како преддијабетес. Доколку пациентот со вредности на шеќерот помеѓу 6,1 и 7 ммол/л не ги промени лошите животни навики и не ја користи препишаната терапија, сосема сигурно во наредните пет или 10 години ќе има дијагноза на шеќерна болест.

Според ендокринолозите, преддијабететесот не е официјално прифатена дијагноза туку термин кој е воведен за да им се укаже на пациентите на потенцијалниот ризик од настанување на дијабетес тип 2. Не постојат никакви симптоми, но речиси секогаш се појавува во придружба на метаболичките проблеми, дебелината, зголеменото ниво на масти во крвта, кардиоваскуларните и цереброваскуларните болести… Поради тоа може да се каже дека секој кој е дебел има генетска предиспозиција за заболување и дека секој кој е физички неактивен веќе и припаѓа на категоријата преддијабетичари.

Главниот предизвикувач на појавата на преддијабетот е зголемувањето на телесната маса, а посебно на наслагите со сало околу половината. Генетските предиспозиции, високиот крвен притисок, стресот, пушењето и недоволната физичка активност, исто така, се чести причини, велат ендокринолозите.

Дијагностичката постапка со која се открива преддијабетот е мерењето на гликозата во крвта. Освен мерењето на шеќерот на празен стомак, исто така, треба да се мери и гликозираниот хемоглобин (ХбА1ц). Доколку се испостави дека постои неправилна регулација, но се уште не може да се дијагностицира дијабет, тоа значи дека е последен момент за промена на лошите животни навики. „Златен стандард“ за одредување на шеќерот во крвта е тестот за оптоварување на гликозата, кој се прави така што 75 г шеќер се размешуваат во вода и се пие, па по два часа се мери нивото на шеќерот во крвта.

Фазата на преддијабетес може да трае со години, меѓутоа, истражувањата покажале дека во половина случаи болеста напредува во краток временски период. Причина за тоа е што половина пациенти продолжуваат да се хранат нездраво, малку се движат и не ги менуваат штетните навики. Доколку не се третира навреме, преддијабетот брзо прераснува во дијабет тип 2.

Единствен начин преддијабетичарот да остане во „безбедната зона“ е промената на навиките и превземањето на превентивни мерки кои подразбираат адекватен диететски режим и лекување на метаболичкиот синдром (повисоки вредности на шеќерот, зголемено ниво на триглицериди во крвта, зголемен артериски притисок).

Потребно е да се консумира нискокалориска храна, како и онаа со низок гликемиски индекс. Таквата храна бавно се ресорбира и не доаѓа до нагол скок на шеќерот во крвта. Освен тоа, неопходна е умерена физичка активност, која подразбира прошетка во траење од 45-60 минути секојдневно. Покрај таквите мерки, дури 50 отсто пациенти ги корегираат своите пролбеми, како зголемениот шеќер, така и неговите причинители, односно дебелината и зголемените масти во крвта. Доколку таквите мерки, сепак, не даваат задоволувачки резултати, лекарите препишуваат терапија. Се даваат лекови од групата на подобрувачи на чувствителноста на инсулин. Кога еднаш ќе се дојде во фазата на преддијабет, пациентот мора да биде подготвен на тоа дека мерките на превенција понекогаш мора да се спроведуваат со години, заклучуваат ендокринолозите.

Ризик од настанување на преддијабет имаат лицата кои имале инфаркт, мозочен удар или ангина пекторис. Жените со полицистични јајчници кои имале зголемен шеќер во бременоста или родиле деца кои на раѓањето имале повеќе од четири килограми, исто така, припаѓаат на ризичната група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот