Дали сега е вистинско време за набавка на огревно дрво?

Купувањето огревно дрво во мај никого не изненадува, особено што цената сега е разумно пониска за српските граѓани. Во Смедерево, метар дрва е околу 7.000 динари. Во цената е вклучен превозот. Инаку, ланските цени на дрвото, во неколку магацини, беа доста разновидни во текот на зимата. Тогаш метар даб и бука беше околу 9.000 динари, а багремот беше малку поевтин. Исто така, исечените и наредени дрва (во палети) чинат и до 18.000 динари, пишува Каматица.

Интересно е што во Србија дури 40 отсто од домаќинствата користат цврсто гориво за греење. Сепак, треба да се каже дека греењето во голема мера зависи од изолацијата и столаријата во домот.

На страницата „Здраво огласи“ може да се види дека цените на огревното дрво во Белград моментално се движат од шест до осум илјади динари. Во цената некаде е вклучено и цепење дрва, како и превоз, а во некои случаи овие услуги се доплаќаат. Бидејќи цената на дрвата е значително пониска во текот на мај и јуни, граѓаните често се одлучуваат да ги обезбедат своите домови со огревно дрво токму сега и со тоа да ги избегнат неверојатно високите цени во текот на зимата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот