Граница Ирак - Иран/ Фото: SAFIN HAMED / AFP / Profimedia

Дали се безбедни дипломатските мисии во Ирак

Ирак нема да дозволи повторување на нападот врз шведската Амбасада, уверувува ирачката влада и тврди дека сите дипломати се безбедни , јавија британските меидуми цитирајќи го соопштението на ирачкото МНР.

Изјавата на Министерството за надворешни работи доаѓа само еден ден откако стотици демонстранти упаднаа во шведската Амбасада во Багдад и ја запалија во знак на протест против плановите да се запали копија од Куранот во Стокхолм.

Ирак вчера го протера и шведскиот амбасадор.

„Ирачката влада е целосно посветена на Виенската конвенција, која ги регулира дипломатските односи меѓу државите и им гарантира безбедност и заштита на сите дипломатски претставништва кои живеат во земјата“, соопшти Министерството.

„Она што се случи со амбасадата на Кралството Шведска во Багдад не може да се повтори и секој таков чин ќе биде предмет на законска одговорност“, се додава во соопштението на ирачкото МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот