Дали некогаш сте се запрашале зошто фламингата стојат на едната нога?

unsplash

Со своите раскошни пердуви и фасцинатни танци во сезоната на парење, фламингата се едни од најпрепознатливите животни на планетата.

Додека научниците самоуверено можат да објаснат зошто фламингата имаат розови пердуви, постојат конкурентни теории за друга нивна посебна карактеристика – зошто тие стојат на едната нога.

Најверојатното објаснување за ова е балансирањето што веројатно им помага да ја зачуваат телесната топлина.

unsplash

Едно истражување открило дека фламингата најчесто стојат на едната нога во вода отколку на копно, додека друго истражување открило дека почесто застануваат на една нога кога времето е постудено.

Иако звучи контра-интуитивно, причината може да биде и дека им е потребно помалку напор да застанат на едната нога отколку на две.

Во 2017 година, студија за фламинга откри дека тие можат пасивно да ја издржат својата телесна тежина на едната нога без никаква мускулна активност, но тие не можат да одржат рамнотежа држејќи поза со две нозе. Истражувачите исто така откриле дека живите фламинга во зоолошка градина помалку се нишаат кога стојат на едната нога.

unsplash

Останува нејасно и фасцинантно како би можеле да го направат ова, но тие имаат механизам сличен како кај коњите, распоред на мускули, тетиви и лигаменти кои едноставно ги „заклучуваат“ зглобовите. Овој систем им овозможува на коњите да останат исправени без скоро никаков мускулен напор, дури и додека спијат.

Стоењето на една нога го намалува заморот на мускулите кај фламингата или им овозможува побрзо движење доколку одеднаш треба да избегаат од некој предатор.

unsplash

Повеќето студии известуваат дека фламингата поминуваат подеднакво време стоејќи на десната и левата нога. Некои фламинга живеат во многу солени и алкални езера што ја согоруваат кожата на повеќето животни. Иако тие имаат цврста кожа за да ја издржат каустичната вода, наизменичното менување на нозете може дополнително да им помогне во тоа.

Фламингосите не се единствените птици што стојат на една нога. Компаративна студија на девет видови птици кои се движат открива дека оние со релативно подолги нозе почесто застануваат на една нога, пишува „New Scientist

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот