Никол Кидман - Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Дали на Никол Кидман ѝ се насмевнува нова љубов? Познат милијардер шармиран од актерката и не го крие тоа

Не помина ни една година откако Никол Кидман потврди дека се разведува од Кит Урбан, a веќе нов маж е заинтересиран за актерката, објави „ТМЗ“.

Богатиот бизнисмен и извршен директор на„ MGM Resorts International“, Пол Салем, наводно сака романтична врска со Кидман  тоа не го крие.

Повеќе извори потврдија дека 62-годишниот милијардер е опседнат со 58-годишната актерка, иако двојката всушност не е заедно. Двајцата имаат заеднички пријатели, познаници и неколку пати биле во иста група. Досега немало приватно излегување, барем не засега. Сепак, изворите велат дека е фер да се каже дека Салем е заинтересиран и им кажува на блиските луѓе.

Пол Салем / Фото: Kevin Dietsch / Getty images / Profimedia

Никол, од друга страна, ужива во својот самечки живот и моментално не излегува со никого. Кидман претходно беше во брак со Том Круз од 1990 до 2001 година, а неколку години по нивниот развод, таа почна да се забавува со кантри пејачот Кит Урбан со кого се разделија во јуни минатата година. Двојката се венча во 2006 година и имаат две деца, а нивниот развод беше финализиран минатиот месец. Салем и неговата поранешна сопруга, Навин Салем, се разведоа во 2021 година.

Како што претходно објави „Стар“, Кидман отворено проговори за повторното забавување, но извор рече дека „завршила со познатите мажи и нивните несигурности. Никол често мора да биде отсутна подолги временски периоди, понекогаш на другата страна од светот. Ако мажот има проблем со времето поминато разделено, тој не е вистинскиот за неа“.

ВИДЕО | Коко Шанел би била горда: Невиден гламур na Никол Кидман во Париз, а сите зборуваат за нејзините чевли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот