Никол Кидман на модната ревија на „Шанел“ во Париз / Фото: Blondet Eliot/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ВИДЕО | Коко Шанел би била горда: Невиден гламур na Никол Кидман во Париз, а сите зборуваат за нејзините чевли

На штотуку одржаната модна ревија на „Шанел“ за пролет/лето 2026 година, холивудската дива се појави во колекција која оддаде почит и на безвременските класици на Коко Шанел и на смелата визија за новата ера на брендот. Во првиот ред на Гранд Пале, опкружена со модната елита, Никол Кидман уште еднаш го потврди својот статус на модна икона која не ги следи трендовите, туку ги толкува на свој, софистициран начин.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amit Chotrani (@amitchotranii)

Нејзиниот избор за овој престижен настан бил драматичен црн фустан. Горниот дел од креацијата, изработен од мазен црн сатен, ја следел линијата на телото, додека високата јака била богато украсена со црни пердуви со дискретни бели акценти, создавајќи ефектна рамка за нејзиното лице. Тој детаљ од пердуви не бил резервиран само за вратот – се повторил и на колковите, каде што формирал волуменозен пеплум кој визуелно ја нагласувал половината и внел доза на театралност на инаку рафинираната силуета.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amit Chotrani (@amitchotranii)

Долниот дел од фустанот ја продолжил играта со текстури. Под пердувестиот пеплум ѕиркало тесно здолниште, целосно покриено со црни светки. Целокупниот впечаток бил темен, но во никој случај не здодевен, а повеќе од фустанот, таа го привлекла вниманието со изборот на чевли.

Кидман го надополнила изгледот со скулптурални, двобојни чевли чиј брановиден V-изрез визуелно го издолжува стапалото и внесува ретро шарм.

Холивудската дива носела мала, структурирана црна чанта со крокодилски дезен, додека очите ѝ биле скриени зад темни очила за сонце во облик на мачка, со кои изгледала мистериозно.

Ова појавување доаѓа во време кога врската помеѓу Никол Кидман и куќата „Шанел“ е посилна од кога било. Како долгогодишен амбасадор на брендот, таа не носи само облека; таа го отелотворува ставот на жената „Шанел“ – независна, елегантна и донекаде пркосна.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот