Дали гените одредуваат колку сме музикални? Еве што открива анализата на ДНК на Бетовен

Фото: Pofimedia / Pexels / Ylanite Koppens

Прашањето дали наследните генетски фактори влијаат врз достигнувањата на поединците е едно од најчесто поставуваните, а со развојот на генетиката сега е можно да се тестираат различните теории.

Научниците, токму поради оваа причина, ја испитувале ДНК на Лудвиг ван Бетовен, еден од најголемите композитори на сите времиња и ја тестирале неговата генетска предиспозиција за музика, а резултатот ги изненади.

Меѓународниот тим на истражувачи, кој вклучуваше експерти од Институтот за емпириска естетика „Макс Планк“ во Франкфурт и Институтот за психолингвистика „Макс Планк“ во Нијмеген, ги анализираа секвенците на ДНК достапни благодарение на претходната студија од 2023 година, кога генетскиот материјал беше изваден од косата на познатиот композитор, пишува „Медикал експрес“.

„Го пресметавме таканаречениот полигенски резултат, показател за генетската предиспозиција на поединецот, за способноста за синхронизирање на ритамот, што е блиску до музикалноста. Пред анализата нагласивме дека немаме претходни очекувања за тоа каков резултат ќе има Бетовен. Наместо тоа, нашата цел беше да го искористиме како пример за предизвик за генетски предвидувања за личност која живеела пред повеќе од два века“, рекла Лаура Веселдијк.

Интересно е што Бетовен, еден од најпознатите композитори во историјата, имаше незабележителна полигенска партитура за музикалност во споредба со примерокот на населението на Институтот Каролинска од Шведска и Универзитетот Вандербилт од САД.

Како објаснување, ова укажува на моменталните ограничувања на полигенските резултати, но и дека способноста за синхронизирање на ритамот не мораше да биде директно поврзана со неговите креативни способности.

„Секако, би било погрешно да се заклучи дека нискиот полигенски резултат значи и дека неговите музички способности биле невпечатливи. Сметаме дека големата неусогласеност помеѓу оваа проценка на ДНК и музичкиот гениј на Бетовен е значајна за понатамошниот развој на анализата. Тоа покажува, на пример, дека треба да бидеме скептични кога некој вели дека може да користи генетски тест за да утврди дали детето е надарено во музика или во некоја друга област“, додал Сајмон Фишер.

Истражувачите нагласуваат дека нивната работа не го отфрла верувањето дека ДНК влијае на музичкиот талент на една личност – претходните студии покажаа дека наследниот фактор придонесува со 42 отсто. Истражувањето на генетското влијание врз голем примерок може да обезбеди значителен увид во тоа како се развиваат и како се разликуваат музичките способности. Сепак, користењето на ДНК за предвидување на однесувањето на поединецот сè уште е непрецизно.

Откритието дека Лудвиг ван Бетовен, еден од најпочитуваните музичари во историјата, имал ниска генетска предиспозиција за синхронизација ги покажува ограничувањата на полигенскиот резултат на индивидуално ниво, според студијата објавена во „Кјурент бајолоџи“.

Германскиот композитор Лудвиг ван Бетовен живеел од 1770 до 1827 година и бил една од најзначајните музички фигури во тоа време, па сè до ден-денес. Создавал музика која често била независна од општествени и религиозни цели, а меѓу најпознатите дела се „Петтата симфонија“, „Шестата симфонија“, „Деветтата симфонија“, „За Елиза“, „Патетичната соната“, „Месечевата соната“…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот