Да не се загуби летото: Грците задоволни од предлогот на ЕК за дигитален зелен сертификат

epa08734601 A tourist enjoys the sun on the beach at Ermones in Corfu, Greece, 09 October 2020 (issued 10 October 2020). Lockdowns and travel restrictions across Europe caused by the Coronavirus have had hugely negative consequences for travellers and the travel industry alike. British tourists have been able to travel freely to the island of Corfu and return to the UK without needing to quarantine. EPA-EFE/ANDY RAIN

Задоволство од предлогот на Европската Комисија (ЕК) за воведување на дигитален зелен сертификат за патувања во кој ќе бидат вклучени податоците дали лицето е вакцинирано или има негативен ПЦР тест или пак прележало ковид-19, изразуваат грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, министерот за туризам, Харис Теохарис, потпретседателот на ЕК, Маргаритис Схинас, но и туристичките федерации и здруженија во Грција, со оглед на тоа дека станува збор за грчка идеја и грчки предлог, јави дописничката на МИА од Атина.

– Нашата цел е да ја отвориме летната сезона околу 15 мај, а со оглед на тоа дека се очекува во вториот квартал уште повеќе граѓани од ЕУ да бидат вакцинирани, очекувам значително зголемување на патувањата. Според тоа задоволен сум што овој предлог е усвоен од Европската Комисија и првично е прифатен од сите поголеми земји- членки на ЕУ, рече Мицотакис во интервјуто за „Си-Ен-Ен“.

Додава дека сертификатот ќе овозможи безбедно отворање на туризмот, објаснува дека голем дел од туристите во Грција доаѓаат од Унијата, па затоа е важно да се гарантира дека „патниците од ЕУ ќе можат да патуваат колку е можно полесно и без дополнителни ограничувања”, но и истакнува дека овој модел ќе се користи и за трети земји, споменувајќи го Израел како пример.

– Во однос на патувањата на граѓаните вон Европската унија, имаме намера да се движиме на сличен начин. Започнавме со Израел бидејќи Израел вакцинираше над 50 отсто од популацијата. А Грција е популарна дестинација за туристите од Израел. Имаме намера оваа практика да ја копираме и со други земји кои не припаѓаат на Европската унија и очекувам дека ова ќе биде главната алатка што ќе ја користиме со цел да ги олесниме патувањата, објасни Мицотакис. 

Потпретседателот на ЕК, Маргаритис Схинас, за грчката телевизија „Антена“, говорејќи за „зелениот пасош”, рече дека „амбицијата е да не се загуби летото”.

– На Самитот за осум дена шефовите на држави и Влади ќе разговараат за параметрите за употреба на сертификатот и сметам дека ќе бидеме подготвени пред летото, рече Схинас и додаде дека со фактот што за два месеци, идејата стана предлог, дава надеж дека „предлогот набргу ќе стане одлука”.

За вчерашниот предлог на ЕК, задоволство изрази и министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис кој рече дека дигиталниот зелен сертификат е „неопходно и рационално решение”, кое ги почитува личните податоци, но и „основното право на европските граѓани за слободно движење”.

– Сертификатот за вакцинација одлучувачки ќе придонесе за рестартирање на туризмот и ќе го забрза процесот на враќање во нормала на животите на сите нас, истакна Теохарис.

Паралелно, предлогот на ЕК го поздравија и од Федерацијата на грчките хотелиери, како и од Здружението на грчки туристички бизниси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот