Д-р Жан Митрев за Сител: Филан избра погрешен пат и за тоа ќе сноси одговорност

Фото: Филан Митрев/ Инстаграм

Д-р Жан Митрев за Сител открива дека неговиот син Филан кој во судот во Франкфурт е обвинет за тероризам, живеел во Германија и тој немал контакт со него последниве неколку години. Д-р Митрев смета дека синот Филан избрал погрешен пат и за тоа треба да сноси одговорност.

„Додека беше малолетен, пробував да му помогнам колку тоа беше можно од далечина на 2000 километри. Но, беше тргнат по погрешен пат и пред 6 години се прекина контактот. Тој сега е 25 години и ако се огрешил пред законот ќе си ја сноси одговорноста. Многу ми е жал што како млад човек со сите можности, избрал најстрашен и најбесмислен пат во неговиот живот“, вели Митрев за Сител.

Фото: Д-р Жан Митрев и Филан/ Инстаграм

Според германските медиуми момчето Филан Митрев (24) заедно со уште двајца турски државјани е уапсено во ноември минатата година. Тројката, според канцеларијата на јавниот обвинител е идентификувана како „поддржувачи на терористичката милиција на ИСИС“.

Тие се обвинети за подготовки за извршување на религиозно мотивирано кривично дело го Германија користејќи експлозив или огнено оружје за да убијат што е можно повеќе луѓе, таканаречени „неверници“.

Жан Митрев за написите за Филан: Тоа не е мојот син!

Тој и претходно се соочил со германскиот правосуден систем кој му пресудил две и пол годишна затворска казна за изнуда и физички напад.

Медиумите во Германија пишуваат дека таткото на Филан М., сопственик на клиника за кардиохирургија,  подолго време се обидувал да му помогне на својот син да излезе на правиот животен пат, затоа и му помагал финансиски да учи во неколку приватни училишта, но Филан ги напуштал. На судењето било споменато дека тој месечно добивал по 1. 000 евра од својот татко, бидејќи ги барал за да изнајми трафика за работа, но на прашањето на што ги трошел парите Филан не дал одговор.

Според написот во Франкфуртер Рундшау, Филан потекнува од угледни родители и дека освен што неговиот татко е познат кардиохирург од Македонија, неговата мајка е медицинска сестра, а неговата сестра е одлична ученичка.

„Иако неговата мајка, која е разведена од сопругот, и го избркала синот од домот поради неговото однесување, присуствуваше на неговото судење“, се вели во текстот.

Понатаму, се дополнува дека Филан признал дека бил и зависник од дрога.

Во текстот посветен на Филан се вели дека жртви на радикалните групи се и млади кои не мора да потекнуваат од сиромашни и дисфункционални семејства.

Синот на д-р Жан Митрев обвинет за тероризам во Германија (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот