Д-р Пановски за радикални мерки: Учениците назад во училиште без маски, први да ги укинеме ковид сертификатите

Микробиологот и професор д-р Никола Пановски вечерва во интервју за Канал 5 излезе со неколку порадикални предлози за тоа како државата да се справи со новиот бран зараза од ковид-19, кој зафати поголем дел од младата популација во земјава, но за среќа, се покажува дека децата поминуваат со полесни симптоми.

-Зимскиот распуст на учениците треба да се продолжи за две недели, а потоа децата да тргнат на училиште без маски, дециден е д-р Никола Пановски.

Тој се залага за укинување на сертификатите кои кај нас па и насекаде во светот служат како пропусница за вакцинираните за престој во затворени простори и настани кои им се забранети на лицата кои не примиле две вакцини или пак немаат валиден ПЦР тест дека немаат ковид во моментот.

-Ние треба да бидеме први во светот што ќе ги повлечеме сертификатите кои се голема глупост, немаат никаков ефект и никако медицинско оправдување. Ако не можеме да помогнеме со рестриктивни мерки, тогаш треба да направиме олеснителни мерки. Тргнете ги сертификатите, нагласи д-р Пановски.

Тој реагира на тоа што досега државата немаше јасна стратегија како да се справи со пандемијата па надлежните институции носеле низа штетни небулозни мерки и потсети на нив:

– Не бидува после свадба тапани. Затоа, како што досега функционираше Комисијата за заразни болести, така нека продолжи и во иднина. Оти, во спротивно, ќе направи штета преку носење небулозни мерки како што беше носењето маска на отворено.  Добро би било ако сега можат да го скратат периодот на изолација, препорачува д-р Пановски покрај мерката за повлекување на ковид-сертификатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот