Д-р Пановски: Училиштата нема да бидат така силна „бомба“ како што беа свадбите и веселбите
Ако дозволија свадби во затворено, големи прослави и забави по разни угостителски објекти и со тоа предизвикаа катастрофа во државата, тогаш можам да кажам дека ризикот од ширењето на ковид-19 во школите не е така голем како што беше голем ризикот што не го пресметаа надлежните од големите „собиранки“ и веселби, чии последици веќе ги чувствува цела држава и особено здравствениот систем. Катастрофа е и за децата да не учат две години, но мерки кога се носат треба добро да бидат осмислени и добро да се спроведуваат, вели микробиологот проф. д-р Никола Пановски во изјава за порталот МКД.мк.
Препорачано
На прашањето како ќе биде можно да се организира настава со физичко присуство кога 40 отсто од наставниците не се вакцинирани, а процентот на деца над 12 години кои се имунизирани против коронвирусот е занемарлив, Пановски вели:
– Ако ме прашувате за здравјето на децата, тие генерално лесно ја поминуваат оваа болест, особено децата под 15 години, но ќе биде проблем за нив ако според протоколите, цело време треба да носат маски на училиште. Но, главниот проблем ќе биде ако болеста учениците ја пренесат дома, кај возрасните, на татко – мајка, дедо – баба. Болеста секако, можат да им ја пренесат на невакцинираните наставници. Сепак, сметам дека училиштата нема да бидат така силна „бомба“ како што тоа беше случај со свадбите и веселбите, вели микробиологот Пановски за МКД.мк.
Д-р Пановски: Училиштата нема да бидат така силна „бомба“ како што беа свадбите и веселбите


