Никола Пановски /Фото: Архива на Слободен печат

Д-р Пановски едвај се спасил да не го прегази џип: Јас ќе бев смачкан, а возачот душевно осакатен доживотно

Доктор Никола Пановски на Фејсбук објави дека вчера доживеал несреќа, во која за малку можел да загине.

Несреќата се случила возел велосипед и паднал на пешачки премин, пред џип кој чекал прв на семафорот. Возачот на џипот не го видел и тргнал, при што малку недостасувало да го прегази. Д-р Пановски вели дека психички е во шок, а има и физички болки. Тој упати апел до возачите додека се на семафор, да гледаат пред нив, а не во мобилниот телефон.

„Се испружувам раширен со сите четири на асфалтот, јас напред со рацете, а велосипедот поназад заедно со моите нозе. Таман почна да ми тече крв од нос и се спремав да се исправам, кога шок. Џипот тргнува и ме покрива, таман е толку висок што само ми ја допира мојата голема глава, но ме стиска силно на десниот колк и на десната нога. Јас се дерам, а и многу луѓе кои чекале на пешачки. Џипот запира и по две секунди (кои траат како вечност), се враќа назад. Не ме прегази само затоа што прво со неговото лево предно тркало го прегази задното тркало на велосипедот, па рамот, кој ми ја стисна десната подколеница која беше под рамот. Значи, осети отпор и прикочи, инаку јас ќе бев смачкан, а возачот на џипот и да не беше осуден, ќе беше душевно осакатен доживотно“, пишува д-р Пановски во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот