Д-р Николов: Ако некој сака да организира избори, нека има смелост да каже колку животи тие избори ќе не чинат

Доктор Игор Николов, нефролог и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва на 24  Телевизија, истакна дека последнава недела кај нас ова е експлозија на заболени, ако политичарите сакаат да организираат избори да кажат колку животи тие избори ќе не чинат, како и тоа дека загрижувачки е бројот на заболени медицински работници, здравствениот систем може да стане нов кластер на Ковид.

– Политичарите ако имаат смелост да организираат избори треба да кажат колку животи ќе чинат тие избори, покрај тоа што ќе чинат финансиски. Во земјите околу нас кои бележат 0 смртни случаи им е многу полесно да организираат избори таму, вели доктор Николов.

-Последнава недела ова што се случува кај нас е експлозија овој бран е посилен од првиот бран за заболени, стигаат информации дека 4ти спрат од Инфективната болница е полн, дека здравствените работници од Градска болница 8ми Септември се преморени, дека има голем број на позитивни меѓу нив, дека Гинекологија Чаир има позитивни случаи, во ниедна земја од регионот немаме толкав голем број на заболени, како можеме ние сега  да планираме избори, во ситуација кога здравствениот систем може да стане кластер за Ковид19, по мене сите ресурси треба да се насочат на истово, порача доктор Николов.

Тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ низ целиот континуитет на епидемијата барала да се зголеми бројот на тестирани ризични групи, меѓу кои и здравствените работници, а тестирањето на здравствените работници започнало пред една недела.

-Јас бев на Инфективна клиника три недели, помагав на колегите од инфективно, кога се вратив од таму никој не предложи или не се посомнева дека јас сум можеби преносител или кластер или дека го разнесувам вирусот. Здравствените работници се оставени денеска и во целиот период на пандемија се оставени нетестирани со недоволно информации, критикуваше доктор Николов.

Тој исто така истакна дека во  Словенија, се нафрлија на следење на сите случаи коишто се позитивни или можат да бидат визуелизирани, или да го опколат кластерот, нашето опколување на кластерот се сведуваше на еден карантин во кој го ставивме Скопје последно 80 часа во карантин, а дозволивмe сите од Скопје да се евакуираат, вклучително и функционери на политичките партии и градоначалниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот