Израел нападна предградија на Бејрут, Иран најави „болен“ одговор
Израелската војска ги нападна предградијата на либанскиот главен град Бејрут откако Хезболах го гранатираше Израел, изјави денеска премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана, Израел Кац, објави „Гардијан“.
Препорачано
Нетанјаху и Кац рекоа дека армијата ги таргетирала штабовите на „терористите“.
Видео снимки од сведоци покажаа густи облаци чад како се издигаат од преполното предградие на Бејрут познато како Дахие, кое се смета за упориште на либанското движење Хезболах.
Висок ирански функционер вети „решителен и болен“ одговор на воздушните напади на Израел врз јужните предградија на Бејрут, најсериозната ескалација во војната во Либан откако беше воспоставен прекин на огнот во средината на април.
По денешниот напад, Ебрахим Резаи, портпаролот на Комитетот за надворешна политика и национална безбедност на иранскиот парламент, напиша на X:
„Ќе дадеме решителен и болен одговор на нападот на ционистичкиот режим врз предградијата… Гледајте го небото на окупираните територии вечерва“.
Инаку, Израел значително ги намали нападите врз Либан откако прекинот на огнот стапи на сила во средината на април.
Нов израелски напад врз Бејрут, прв по прогласеното примирје
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
22мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


