Д-р Нико Беќаровски со остри критики по вчерашните снимки: Сите Вие што се причестивте со исто лажиче, го обесчестивте трудот на белите мантили

Поранешниот директор на Клиниката за токсикологија и професор на медицинскиот факултет, д-р Нико Беќаровски со остри критики по вчерашното причестување во повеќето црквовни храмови низ Македонија. Беќаровски смета дека причеста на верниците со исто лажице е обесчестување на медицинските работници кои неуморно спасуваат животи на пациенти со ковид-19.

„Сите Вие кои вчера со едно исто лажиче по храмовите се причестивте, десетмесечниот деноноќен труд на белите мантили го обесчестивте.
Кога на 19 јануари ќе Ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се „бањаме“ за да симнеме дел од потта под скафандерите и талкот под ноктите.
П.С. Отворете ги кафеаните, таму барем даваат едно лажиче за еден гостин.“, стои во фејсбук-објавата на д-р Нико Беќаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот