Д-р Гњатовиќ: Нашите анализи покажуваат дека антителата може да траат и една година

Според неа, асимптоматските пациенти кои имаат развиено големи количини антитела се веројатно најдобрите донатори на крвна плазма, односно имаат развиено антитела со најдобар квалитет.

Д-р Марија Гњатовиќ од Институтот за примена на нуклеарна енергија во Белград, за телевизијата Н1 изјави дека нивното истражување покажало дека антителата во организмот траат и дека оние кои прележале коронавирус имаат некаква заштита.

-Луѓето кои имале посериозна клиничка слика развиваат поголема количина антитела, но тоа не значи дека сите асимптоматски случаи и случаи со поблага клиничка слика имаат ниски вредности- објаснува д-р Гњатовиќ.

Гњатовиќ додава дека во нивната лабораторија биле анализирани примероци на 15 илјади лица.

-Се разбира, не беа сите позитивни на коронавирус. Ние следевме 50 пациенти од март, немаше драстичен пад на нивото на антитела во крвта. Претпоставуваме дека, врз основа на податоците што ги имаме, овие антитела ќе траат најмалку една година, веројатно подолго- рече Гњатовиќ, која објасни дека антителата се само еден од параметрите вклучени во одбраната на организмот.

Не е сè во количина на антитела

Таа исто така истакна дека не е сè во количината на антитела.

-Важно е какви се квалитетите или колку неутрализирачки антитела има што се способни да спречат вирусот да влезе во организмот. Следењето на неутрализирачките антитела е исто така важно за развојот на вакцините- вели таа.

Според неа, асимптоматските пациенти кои имаат развиено големи количини антитела се веројатно најдобрите донатори на крвна плазма, односно имаат развиено антитела со најдобар квалитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот