Д-р Аргирова: Извршени две операции, луѓето се во стабилна состојба

Пред болницата во Бугарија
Пред болницата во Бугарија / Утрински брифинг, Слободен печат

Началничката на Клиниката за изгореници и пластична хирургија, д-р Маја Аргирова вели дека се извршени две полесни операции на преживеаните лица и тие моментално се во стабилна состојба. Таа изјави дека еден од повредените е во длабок психички шок. Денеска ќе бидат извршени уште две операции, велат лекарите од болницата „Пирогов“.

Едниот од пациентите има тешки изгореници на двете раце, поради што ќе мора да се изврши операција, а операција на десното колено треба да се изврши и на едно девојче. Вчера беше извршена операција на колено на еден од повредените, рече д-р Аргирова.

Таа потврди дека шест од пациентите се наоѓаат на Клиниката за изгореници и пластична хирургија, а еден од пациентите е во Клиниката за трауматологија. Д-р Аргирова потврди дека лекарите од болницата се во контакт со македонските колеги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот