Цветковиќ: Санкции за одговорните за групата на „Телеграм“ треба да има, но не е решение за проблемот

Извршниот директор на канцеларијата на Коалицијата „Маргини“ Ирена Цветковиќ во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ зборуваше за затворената група на апликацијата „Телеграм“, во која македонски средношколци споделуваа експлицитни фотографии од свои врсници.

– Можеби по кавнтитет оваа група е голема. Брзо достигна 6-7.000 членови. Но она што е важно да се знае е дека содржините, барем еден дел до кои јас стигнав и се праќани на таа група се веќе објавени на други помали групи и протечени во рамки на групи од едно одделение, училиште, маало. Тврдам дека санкции треба да има за одговорните, но не мислам дека решението на проблемот е ова. Во неколку училишта сум свесна дека постоеле и се откриени вакви групи и кога ќе згаснат, секако под притисок на возрасните во училиштето и родителите, за неколклу месеци се отвораат нови. Во неколку наврати сме алармирале и сме зборувале за овој проблем. Ние имаме и генерациска дистанца со најмладите. За нив интернет просторот е речиси еднаков како реалниот простор и ние не можеме да имамае апсолутен увид. Мерките од типот проверувајте им ги телефоните, не им ги давајте, ставајте камери во училниците едноставно во овој случај не резултира со плод. Сметам дека треба да видиме што направиле поразвиените општества за сузбивање на ова поле. Да видиме кои мерки се успешни, а кои не. Да експериментираме и да најдеме начин – изјави Ирена Цветковиќ.

„Она што е факт е дека ние не сме изолиран случај, вакви скандали се случуваат во земји со највисок индекс на почитување на родовата еднаквост, но она што е различно е што во овие развиени земји имате изграден цел систем на поддршка кој што е тука да ги заштити оние кои што се жртви на овој тип на однесување, додека кај нас не само што се оставени сами на себе туку многу често се и двојно виктимизирани, па и денес гледаме дека доминантни се ставовите дека жртвите се тие кои треба да се обвинат – дека се глупави што се сликале, дека сами си го барале, па одат до таму што и голем дел од младите веруваат дека дел од девојчињата тоа го прават намерно за да се стекнат со некаква слава“, додаде Цветковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот