Чкрткањето додека разговарате на телефон или додека сте на состанок ги открива вашите проблеми, што најчесто цртате?

Повеќето од нас несвесно цртаме нешто додека разговараме на телефон или седиме на состанок. Без разлика дали се тоа едноставни цртежи или геометриски облици, не ги фрлајте во корпа за отпадоци. Тие откриваат многу за вашето моментално расположение, но и за карактерот, тврдат психолозите.

Еве го толкувањето на некои од вашите чкртки.

Спирали, кругови, брановидни линии – насочени сте кон себе

Туѓите проблеми во овој момент не ве засегаат и не се интересирате за нив. Тоа што почнувате да цртате спирали и кругови значи дека на вас во дадената ситуација ви е потребно да се сконцентрирате на себе и да направите дистанца од опкружувањата. Така пронаоѓате начин да ја совладате агресијата и да одолеете на искушението да пламнете и да го навредите соговорникот.

Цветчиња, сонце, украси – осамени сте

Во душата воопшто не ви е така ведро како што тоа изгледа на цртежот. Ви недостасува блискост и нежност и тоа несвесно го внесувате на хартијата. Цртате токму за она по кое копнеете, а вашата порака гласи: „Внимавајте на мене!” . Значи, во моментот кога вашата рака почнува да црта сонце, повикајте ги пријателите и дружете се.

Мрежа – мазохиста сте

Се наоѓате во незгодна ситуација. Секоја одлучна, дебела линија, симболизира еден доживеан напад. Доколку на крајот го врамите цртежот, значи дека проблемот е надминат. Инаку, мрежата често значи и дека не сте со борбена прироода, туку сте склони да ги голтате навредите. Тоа крие опасност од натрупано разочарување.

Орнаменти – здодевно ви е

Острите агли и заоблените линии се спојуваат во украсен мотив кој се повторува. Таквата шара говори за тоа дека ви е здодевно, дека сакате да го прекинете телефонскиот разговор или да си заминете од состанокот. Доколку секогаш цртате такви шари тоа може да значи дека животот ви се претворил во рутина. Затоа прекинете ја монотонијата која ве задушува и променете нешто во вашиот живот.

Крстови – имате чувство на вина

Луѓето често ги цртаат, со тоа што женските крстови се главно украсени, а машките едноставни и со строги линии. Овие цртежи наговестуваат чувство на вина која настанала како последица на ситуација во која моментално се наоѓате. Нешто ве мачи: или сами на себе си замерувате или ве прекинал соговорникот.

Човечиња – се плашите од одговорност

Нивниот весел изглед лаже. Човечињата се знак за беспомошност или желба да се одбегне одговорност. Човечиња цртаме кога треба конечно да кажеме „не” или треба да донесеме и соопштиме одлука која може нема да биде прифатена со одобрување, па никако не можеме да се натераме тоа да го направиме. Човечињата на хартијата толкувајте ги како предупредување. Пресечете и прифатете ја одговорноста!

Квадратчиња, триаголници, геометриски облици – храброст

Едно е сигурно – имате јасни цели и уверувања, речиси никогаш не го криете своето мислење и не бегате од непријателите и конкуренцијата. Што се поостри геометриските облици кои ги цртате тоа значи дека сте поагресивни, иако тоа не се забележува на прв поглед.

Пчелино саќе – семеен тип сте

Сакате мир и хармонија и водите уреден живот. Ако се уште немате семејство таквиот цртеж може да ја сигнализира вашата потреба за создавање на фамилијарно гнездо. Вашиот проблем е веројатно во тоа што одбивате да признаете колку ви е важен бракот и колку копнеете по него.

Шаховски полиња – патите од комплекс

Очигледно се наоѓате во мошне комплицирана ситуација и непријатна положба. Интензивно трагате за ефикасен начин да ја надминете ситуацијата. Најдобро е ништо да не премолчувате и да не криете. Ако често ги цртате шаховските полиња, веројатно имате скриени комплекси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот