Црн хумор: Дознајте на кој круг во пеколот му припаѓате според вашиот хороскопски знак

Сите имаат своја мрачна страна. Некои од нас водат проблематични животи, некои пак имаат вознемирувачки мисли, а други не можат да избегнат неволја дури и кога тоа го сакаат.

Во претпоставка дека постои пекол и девет кругови од него, во кој од нив мислите дека ќе завршите?

Продолжете да читате и дознајте во кој круг од пеколот би можеле да завршите според вашиот хороскопски знак.

Секако се работи за чист црн хумор…

Водолија

Прв круг. Вие сте доволно невина личност и поради тоа судбината ќе биде блага кон вас. Она што е против вас е тоа што сте воделе живот без никаква духовност и поради тоа морате да страдате во најзодевниот круг од сите.

Овен

Втор круг. Ако нешто ви предизвикува добри чувства, во тој случај најдобро е да го прифатите. Никогаш не сте имале намера некој да повредите. Сакате да се чувствувате добро, но тоа може да ве вовлече во проблеми. Најверојатно и веќе ви се случувале лоши работи, па поради тоа ќе горите во пеколот со сите останати грешници.

Вага

Трет круг. Уживате во добриот живот, но на вашето задоволство му нема крај. Се исполнувате со страст, храна, среќа, тага, а доколку има место за уште добро или лошо, вие тоа ќе го земете. Нека ви е со среќа пронаоѓањето на што и да најдете таму каде што сте упатени. Пеколот ќе ве проголта цели.

Стрелец

Трет круг. Вие не можете да се заситите од добриот живот, без разлика на тоа кого ќе оштетите по тој пад. Додека повеќето луѓе го гледаат животот како дарба, вие го гледата како ваша лична дарба. На крај и вие ќе завршите во пеколот со оние кои се обиделе да се збогатат правејќи лошо.

Рак

Петти круг. Ниту еден друг круг не е за вас, поради тоа ќе завршите овде. Вашите расположенија осцилираат од лутење до иронично и иритантно однесување. Во пеколот се применува истиот принцип, освен тоа што сега можете да уживате во „лутењето“ во остатокот од вечноста.

Бик

Шести круг. Никогаш не сте го живееле животот како марионета и во вашите очи тоа е добра работа.

Во очите на небото и пеколот, вие сте смртни грешници. Додека сте си поигрувале со идејата за задгробен живот, токму тој имал планови за вашата судбина. Поради ова сега сте во неволја. За ова можете да му се заблагодарите на вашиот посесивен карактер, кој не ви донел многу добри работи.

Јарец

Седми круг. Бидејќи не можете да го контролирате својот темперамент, пеколот ќе ве земе заедно со останатите лудаци. Можеби во нивно друштво ќе научите како да се смирите, или во нивно друштво ќе потонете уште малку подлабоко во вашиот типичен раздразлив карактер.

Лав

Осми круг. Вие сте како едно реално шоу. Изгледате како се да е во ред со вас, но всушност сето тоа е една шифрирана самозадоволна лага. Ги контролирате ситуациите преку измами и и поради тоа пеколот ќе се погржи да платите за сето тоа.

Шкорпија

Деветти круг. Лагата е она во што блескате. Сте лажеле во текот на целиот живот и сега единствен кој остана да го измамите е самиот ѓавол. Среќно во таа намера.

Риби

Небо. Колку и да мислите дека ова е комплимент, тоа не е така. Вашата добрина ве доведе до тоа да ги извлечете најдобрите карти, но сите кои го извлекле „поделебелиот крај“ ве мразат поради тоа.

Вашиот сочувствителен карактер одлично ќе се вклопи со сите останати светци и ангели, но вие на тоа можеби ќе гледате како алтернативно проклетство.

Близнаци

Пријатели на ѓаволот. Небото не ве сака, а всушност ниту пеколот. Меѓутоа, тоа е поради вашата флексибилност.

Заборавете на страдање со грешниците, заборавете и на свирење харфа со светците – вие ќе се забавувате со Луцифер.

Кои други услуги во меѓувреме ќе му ги давате на ѓаволот останува да видите. Главата горе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот