ЦЈЗ алармира: Расте бројот на заболени, повеќето се од британски сој, можен е трет бран

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Директорот на Центарот за јавно здравје Беким Зекири во изјава за „Слободен печат“ информира дека бројот на позитивни случаи на ковид-19 е во пораст.

-Во мојот центар бројот на анкетирани е во пораст, а во пораст е и бројот на позитивни на коронавирус. На последниот состанок со Комисијата за заразни болести бевме информирани за геномот на вирусот, односно утврдено е дека станува збор за доминација на британскиот сој. Има опасност повторно работите да излезат од контрола и да се соочиме со трет бран, кој можеби ќе биде причина за нови рестриктивни мерки, но тоа го следи Комисијата за заразни болести. Моја препорака е да не се опушта населението, да нема никакви групирања, и редовно да се одржува хигиена, вели Зекири.

Тој нагласува дека населението мора да работи на зголемување на свеста за почитување на мерките за самоизолација и изолација, бидејќи според него голем е бројот на издадени решениеја, и дури и да не може полицијата да постигне со проверка на домовите, секој треба да биде свесен за опасноста што ја шири.

-Решенијата за изолација ги издава ДСЗИ, по претходно направено анкетирање поради добиен позитивен тест за коронавирус. Потоа полицијата дејствува, но верувам дека не е лесно да се контолираат сите кои се во изолација, бидејќи бројот е навистина голем, и не е како на почетокот кога имаше мал број заразени. Затоа секој треба да го почитува издаденото решение за изолација, предупредува Зеќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот