Целосна реконструкција на живеалиштата на лавовите и кенгурите во Скопје ЗОО

Деновиве во Скопје ЗОО, започнаа подготовките за реновирањето на живеалиштето на морскиот лав, а беше подготвено и новото живеалиште за зебрите Јанош и Јашари, кои пристигнаа од Словенија и Чешка.

Во наредниот период, благодарение на спонзори и донатори ќе се реновираат сите живеалишта каде има потреба од подобрување на условите. Први кои ќе се реновираат се реонот „Австралија”, односно живеалиштето на кенгурите и живеалиштето за лавови. Ќе се реновира и разубавува и просторот околу живеалиштата, па така освен животните и посетителите ќе имаат можност да уживаат во сосема нови катчиња.

Во меѓувреме е завршено живеалиштето за шимпанза, а ќе започне да се гради и новото живеалиште за фламинга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот