Цела недела гори во близина на Лос Анџелес, во опасност познатата опсерваторија (ФОТО)

epa08671939 Firefighters prepare to defend a neighborhood from trhe Bobcat fire in Monrovia, California USA, 15 September 2020. The nearby Mt. Wilson Observatory east of Los Angeles was evacuated as flames threatened the scientific structure. EPA-EFE/EUGENE GARCIA

Пожарникарите вчера едвај успеаја да го држат под контрола пожарот кој повеќе од недела дена гори во околината на Лос Анџелес и и се заканува на познатата опсерваторија и скапоцените комуникациски кули подигнати на ридовите на калифорнискиот мегалополис.

Пожарот наречен Бобкет (рис) Фајр бил на некои 150 метри од астрономската опсерваторија Монт Вилсон, стара 116 години, предупредија противпожарните власти на Твитер, истакнувајќи дека нивните луѓе се на терен, и го гасат пожарот со булдожери како и од воздух.

Пожарникарите ја заштитија Опсерваторијата Монт Вилсон од пожарот Бобкет/ Лос Анџелес, 15 септември 2020. Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Сите вработени од опсерваторијата се евакуирани, рекоа тие.

Пожарникарите се борат со пожарот од 6. септември, но сега само 3 отсто е под контрола, а претходно беше 6 отсто. Командирот на пожарната служба на Лос Анџелес Давид Дантич рече дека во пожарот, кој е на околу 25 километри североисточно од центарот на градот, изгореле повеќе од 16.000 хектари.

Локалното радио извести дека пожарот не се заканува само на опсерваторијата туку и на комуникациските предаватели со опрема вредна повеќе од милијарда долари.

Пожарот им се заканува и на скапите телекомуникациски предаватели / Лос Анџелес, 15 септември 2020/ Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Многу квартови во близина на пожарот добија наредба за евентуална евакуација, а властите стравуваат за судбината на 80-тина дрвени куќи во националната шума во Лос Анџелес.

Во Калифорнија се активни 27 пожари. Во нив од средината на август загинаа повеќе од 20 луѓе, а вчера ги гаснеа над 16.000 пожарникари.

Шумските пожари со невидени размери ги пустошат и сојузните држави Вашингтон, Орегон и Ајдахо, предизвикувајќи рекордно загадување на западниот брег на САД.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот