Царовска во Штип и Свети Николе на консултации за процесот „Учи паметно, работи стручно”

Mинистерката за образование и наука Мила Царовска денеска ќе учествува на консултативни состаноци со претставници од компаниите, локалните самоуправи и средните стручни училишта во Свети Николе и Штип.

Состаноците се дел од процесот „Учи паметно, работи стручно” чија основна цел е да се идентификува потребата од отворање на одредени профили и паралеки, во средните стручни училишта во градовите низ државата од идната година. Со унапредување на стручното образование ќе може да се одговори на потребите на реалниот сектор со соодветен стручен кадар, но и да се овозможи поголема вработливост на младите, соопшти МОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот