Царовска од Крњево: Ја намаливме невработеноста кај младите и ќе продолжиме да инвестираме во нив

Мила Царовска, носителка на листа на пратеници во ИЕ 1, со жителите на Крњево разговараше за сработеното до сега и за она што го нуди предизборната програма на коалицијата “Можеме”. Таа ги повика жителите на Крњево на 15 јули да гласаат за СДСМ, бидејќи како социјал – демократи веруваат во праведност и праведно општество.

-Оваа држава има капацитет да направи се граѓаните да живеат подостоинствено. Продолжуваме со инвестирање во младите. Изминатиот период ја намаливме стапката на невработеност кај младите лица и изнесува 35,3% споредено со 2016 кога беше 48,6%. Ова ни дава поттик и понатаму како политичка партија да креираме мерки кои ќе придонесат за зголемување на вработувањето на младите, рече Царовска, на средбата.

Таа потенцира и дека СДСМ подеднакво се грижи и за повозрасните.

-Направивме стабилизација на пензискиот систем. Пензиите ги зголемивме за 722 денари коишто влегоа во основицата и се исплаќаат секој месец. Воведовме социјална пензија којашто ја користат на 6.000 граѓани. Ги зголемивме платите, а продолжуваме да ги зголемуваме и во следниот мандат. Мнималната плата ја зголемуваме до 40 отсто, а присечната плата до 30 отсто. Минималната пензија ја зголемуваме на 10.700 денари. Со ова инвестираме во најранливите, рече Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот