Царовска на средба со Универзитетски професори: Даваме придонес за квалтетни реформи во образованието

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска одржа средби со повеќе универзитетски професори од педагошкиот факултет, катедрата за педагогија од филозофскиот факултет, како и професори од приватни универзитети и природноматематичкиот факултет, со што истакна дека продолжува дебатата за унапредување на реформите и целата концепција за основно образование.

– Сите професори со кои одржавме средби имаа можност дадат сугестии за подобрување, со професори кои веруваа дека овие реформи ќе направат добри промени врз основното образование, а со тоа подоцна ќе изградиме личности кои и понатаму ќе придонесат за квалитетот и на повисокото образование – изјави Царовска.

Деканот на Педагошкиот факултет во Штип, Емилија Петрова Ѓорѓова, исто така посочи дека ова е амбициозна платформа, во која треба да се вклучат сите засегнати страни.

– Ова е пред се Амбициозна реформа, со која добиваме насоки како да делуваме понатаму, и ако се вклучат сите чинители на воспитнообразовниот процес, ние ќе дадеме придонес за подобрување на оваа концепција – посочи Ѓорѓова.

Славчо Димитров од приватниот Универзитет „ФОН“ исто така ги поздрави реформите во Основното образование.

-Реформите се за поздрауввање и треба да бидат вклучени сите релевантни фактори, како и академската заедница. Оваа концепција сака учениците да ги стави во фокус, да се трансформира начинот на кој е структуриран тој процес. Најголема придобивка се интегрираните примеси преку кои македонското образование ќе влезе во чекор со светските образовни системи – нагласи Димитров.

Министерката Царовска истакна дека по овие средби ќе следува јавна дебата во Собранието, на која ќе бидат вклучени и останатите засегнати страни, со што и официјално ќе се подготви конечна концепција која ќе започне да се применува во нашиот образовен систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот