Цаноски се пофали со изградбата на „Космос“ (ФОТО)

Фијат Цаноски
Фијат Цаноски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Фијат Цаноски на својот Фејсбук профил објави фотографии од изградбата на комплексот „Космос“.

Цановски, од март годинава ја започна повторно градбата на комплексот Космос. Градбата треба да заврши најдоцна до почетокот 2021, откако комплексот беше урнат во 2011 година.

Фото: Фејсбук

За комплексот „Космос“, постои обвинение „ТНТ“ на СЈО, во кое се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски. Тие сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на нивниот политички противник Фијат Цаноски.

Истрагата за предметот беше отворена во април 2016 година, а летото 2017 година Специјалното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт. За незаконското уривање на „Космос“ сопственикот Цаноски најави побарување за отштета од над 50 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот