„Црни сончогледи за кочанските бели дробови“: Герила-акција на граѓанската иницијатива „За чист воздух во Кочани“

Герила-акција во Кочани / Фото: МИА

Граѓанската иницијатива „За чист воздух во Кочани“ попладнево организираше герила-акција во која постави уметничка инсталација со црно обоени метални сончогледи пред влезот на Општина Кочани. Со тоа го изразуваат своето незадоволство од непостапувањето на одговорните во Локалната самоуправа во врска со загадувањето на воздухот во регионот.

Еко-активистите од граѓанската иницијатива нагласија дека освен загадувањето од фабричкиот оџак на компанијата „Пејп мил“, во изминатите неколку недели евидентно е дека негативен придонес за аерозагадувањето имаат и комуналните депонии во Кочани и Виница кои се запалени и постојано чадат.

„Под мотото ‘Црни сонлогледи за кочанските бели дробови’ сакаме на овој начин да им покажеме на надлежните локални и државни органи дека граѓаните не можат да го толерираат нивното рамнодушно однесување кон проблемите со нарушувањето на здравата животна средина. Тие се однесуваат на сите нас, без разлика дали сме вработени во јавните институции или во приватнот сектор, дали сме ученици или деца во градинка, здравјето ни е загрозено на сите подеднакво. Наместо одговорните во институциите да работат за подобрување на состојбата, тие покажуваат негрижа кон јавните апели, па сведоци сме дека покрај приватната фирма ‘Пејпр мил’, сега и јавните комунални претпријатија не преземаат никакви мерки да ги изгаснат нивните депонии за отпад“, истакна Горан Лефков од граѓанската иницијатива „За чист воздух во Кочани“.

Герила-акцијата со црните сончогледи, фотографии од заболени бели дробови и изменети стихови од Рациновите „Денови“ во наредните денови ќе бидат поставени и на други локации во Кочани, за повторно да се подигне јавната свест и да им се укаже на надлежните институции да работат во интерес на заштитата на здравјето на граѓаните.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот