Црна Гора се затвора: На Цеца, Здравко Чолиќ и Дино Мерлин им пропаднаа новогодишните тезги

Здравко Чолиќ/Цеца Ражнатовиќ/Дино Мерлин/Фото: Инстаграм

Новите поостри мерки во борбата со коронавирусот директно се одразија на откажувањето на новогодишните настапи на плоштадите во Црна Гора, каде требаше да настапат пејачите Светлана Цеца Ражнатовиќ, Здравко Чолиќ и Дино Мерлин.

Како што дознава српски „Телеграф џетсет“, Цеца била во преговори околу настапот на плоштадот во тиватско Порто Монтенегро, Здравко Чолиќ имал договорен настап на плоштадот во Котор, додека Дино Мерлин договорил да ја забавува публиката на плоштадот во Бар.

На овие настапи им се радувале и црногорските хотелиери, бидејќи сметале на голем број туристи кои токму поради овие ѕвезди ќе поитаат да ја дочекаат Новата година во овие градови.

Меѓутоа, новите мерки што ги објавила министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ Боровиќ на последната прес-конференција разочараа многумина.

Поради страв од ширење на варијантата омикрон, Министерството за здравство не одобри јавни собири на отворено, што покрај обожавателите ги разочара и пејачите.

– За жал, ништо од новогодишниот концерт. Мерките се такви така што мислиме дека е тоа дефинитивно – изјавил за „Телеграф џетсет“ менаџерот на Здравко Чолиќ, Драган Ѓука.

Од ПР-службата на Дино Мерлин рекле дека се свесни дека шансите за одржување концертот се минимални.

– За жал, не можеме да ги менуваме законите во државата. Многу е веројатно дека нема да има концерт – изјавиле претставниците на медиумите на Мерлин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dino Merlin (@dinomerlin)

– Цеца беше во преговори околу настапот во Тиват, а одлучувачкиот збор за концертот главно го даваат мерките – рекле од ПР-службата на фолк-пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stevan Radivojevic (@stevansrules)

Да потсетиме, Министерството за здравство го одобри работењето на кафулињата, дискотеките и хотелските објекти во текот на новогодишните празници со дигитален ковид-сертификат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот