Црквата му забрани да ја гледа: Ќерката на Том Круз 12 години го нема видено својот татко

Том Круз, Сури Круз/Profimedia
Том Круз, Сури Круз/Profimedia

Актерката Кејти Холмс од бракот со Том Круз ја доби ќеркичката Сури, која е станата вистинска убавица – оваа тинејџерка сè повеќе личи на својата мајка.

Неодамна, Кејти и Сури беа фотографирани во Сохо Инк студио за тетоважи и пирсинг во Њујорк. Вниманието го „украде“ задоволното лице на Сури, која изгледа се решила да направи нешто интересно во пресрет на својот 16ти роденден – тетоважа или пирсинг.

Сури Круз/Профимедиа
Profimedia

Многумина го коментираат изгледот на девојчето кое сега навистина е копија на Кејти. На интернет, коментарите се позитивни, а навистина тие две се како сестри!

Кејти ја доби Сури од бракот со колегата актер Том Круз. Откако се разведоа, Сури живее со мајка си во Њујорк, а глумецот последен пат ја видел ќерка си во 2013 година. Том ја прекинал комуникацијата со ќерка му кога таа имаше само шест години. Во една прилика, не сакал да ја види иако била одалечена само 30 километри од неа!

Сури Круз, Кејти Холмс
Profimedia

Медиумите наведоа дека Том е посветен на Изабела и Конор, двете посвоени деца од бракот со Никол Кидман, додека Сури не смее да ја гледа, наводно поради забраната од Скиентолошката црква, во која тој е член. Тој и самиот призна дека поради скиентологијата, Кејт поднела барање за развод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот