Циклонот Фреди во Малави усмрти над 1.000 лица

Циклон „Фреди“ / Фото EPA-EFE/ANDRE CATUEIRA

Бројот на погинати од циклонот Фреди во Малави се зголеми на над 1.000 лица, а повеќе од половина милион се раселени, изјави претседателот на земјата, Лазарус Чаквера.

-Циклонот погоди околу два милиона лица, додаде тој, пренесува Анадолија.

Претседателот ги повика жителите на Малави да работат заедно додека земјата закрепнува од катастрофата што оштети 405 километри патна инфраструктура, 63 здравствени установи и 500 училишта.

Циклонот Фреди во март протатни низ Мозамбик и Малави, два пати за еден месец, уништувајќи десетици илјади домови и предизвикувајќи огромни поплави.

Во соседен Мозамбик беа уништени повеќе од 33.000 домови, а регистрирани беа уште 76 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот