Стефанос Циципас и Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Циципас се поклони пред Ѓоковиќ: Немој никогаш да се пензионираш, се ежев додека те гледав…

И понатаму една од темите во спортскиот свет е Австралија опен каде што Новак Ѓоковиќ уште еднаш го покажа својот квалитет и на 38 години успеа да дојде до финалето каде што сепак немаше сили против 16 години помладиот Алкараз.

За Ѓоковиќ тоа беше прв пораз во едно финале во Австралија, турнир кој досега го освои десет пати во кариерата, меѓутоа за многумина Новак е голем победник, најмногу поради победата над Синер во полуфиналето, дуел пред кој многумина го отпишаа.

Воодушевувањето од настапот на српскиот тенисер го изрази и грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој токму од Ѓоковиќ беше поразен во финалето на Ролан Гарос 2021 година.

„Честитки за кариерениот слем (комплетирани најголемите четири турнири во една сезон), Карлитос. Уште еднаш ја испиша книгата на рекорди пред нашите очи. Ова е твој свет и ние само живееме во него.

Новак, повторно го редефинираш тоа што може да направи еден 38-годишен спортист, се ежев додека те гледав. Никогаш немој да се пензионираш“, напиша Циципас на својот профил на социјалната мрежа „Икс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот