Чулев: Во наши раце е најсилното оружје за запирање на ширењето на вирусот, а тоа е социјалната дистанца

????????????????????????????????????

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска апелираше граѓаните да ги почитуваат донесените мерки, да не се изложуваат на непотребни ризици и да останат во своите домови.

Од денеска стапуваат на сила новите владини мерки согласно кои забраната за движење ќе почне од 16 часот, а не како досега од 21 часот.

Чулев, кој денеска во име на Министерството за внатрешни работи, им предаде донација на три здравствени установи, изјави дека со останувањето дома, граѓаните им помагаат на здравствените работници и даваат сопствен придонес во битката со коронавирусот. На медицинскиот персонал му порача да го чува сопственото здравје.

– Тие, заедно со полицијата, се во првите борбени редови во битката која сите заедно мора да ја добиеме. Затоа ја заслужуваат сета наша почит, но и сета наша помош и поддршка што можеме да им ја обезбедиме. Нивното здравје и нивната безбедност се од суштинско значење во моментов. Во наши раце е најсилното оружје за запирање на ширењето на вирусот, а тоа е одржувањето на социјалната дистаца, нагласи Чулев.

Донацијата од заштитни одела, маски и ракавици им беше предадена на ЈЗУ „8-ми септември”,  Институтот за јавно здравје и Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ (Ургентен центар).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот