Чулев: Ако чесното, а не криминално работење за Шилегов е „лудо“, тогаш може да ме нарекува така

Фото: МИА

Откако скопскиот градоначалник Петре Шилегов на вчерашната прес-конференција за новинарите одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот инцидент на Вардариште, каде беа претепани двајца инспектори на Град Скопје, рече дека бил згрозен од постапките на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, тој денеска одговори преку Фејсбук:

„Во текот на вчерашниот ден ја прочитав изјавата на Шилегов во која го споменува моето име и да бидам искрени ниту сум изненаден, а ниту пак вознемирен. Денешната изјава е само одраз на вистинската личност на Петре Шилегов која во изминатиот период ја задскрива зад градоначалничка позиција глумејќи чесен и одговорен политичар.

За мене е премногу ниско да се впуштам во коментирање на неговите изјави, затоа што тие не се достојни, а ниту се ниво за мое коментирање. Истовремено тие се параван за задскривање на неговата неспособност и некомпетеност. Само на кратко ќе констатирам дека доколку мојот чесен е и одговорен пристап во работата и грижата за граѓаните и нивното здравје за Шилегов е „лудо“, тогаш слободно може да продолжи да ме нарекува така. Ако чесното, а не криминално работење за Шилегов е „лудо“ и тогаш може да ме нарекува така.

Граѓаните за мене се најважни и во таа насока ги информирам дека Министерството за внатрешни работи веднаш презеде активност и случајот за кој тој обвинува е расчистен во целост.

Јавноста треба да биде сигурна дека и понатаму ќе постапувам исклучиво во согласност со законите и во интерес на државата и колку и тоа да биде „лудо“ во очите на политичари од власта воопшто нема да ме поколебаат во оваа моја намера.“, напиша Чулев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот