Членовите на Судскиот совет да поднесат колективна оставка, бара коалицијата „Сите за правично судење“

Фото: ТВ24 / принтскрин

Ивана Петковска од коалицијата „Сите за правично судење“ вечерва во емисијата „24 отворено“ побара колективна оставка од членовите на Судскиот совет и избор на нови членови на највисокото судско тело. Таа вели дека како коалиција активно ги следат седниците на Судскиот совет во изминатите години и дека ваква ситуација како сегашната досега не сретнале.

„Ваква ситуација не сме сретнале, се појавија низа предизвици, работи кои ги направи Судскиот совет за кои или не се предвидени со закон или е некоја пракса невообичаена. Тука се издвојува начинот на кој се водеше седницата која на 26 април. Праксата била досега претседателот да ја води седницата. Оваа нова седница се одлага во два наврати и дополнително законот не предвидува постапка за разрешување на претседателот. Денеска повторно беше одложена без да се наведат причините и тоа може да влијае врз транспарентноста на Судскиот совет. Ваквото постапување води кон намалување на довербата на јавноста кон Судскиот совет. Доброто владеење и управување мора да се подобри кај Судскиот совет и јавно да се кажуваат одлуките“, рече Петковска.

Според неа, потребно е членовите на Судскиот совет да си го задржат својот интегритет и да си поднесат колективна оставка, без оглед на тоа дали гласале за или против незаконското разрешување на Весна Дамева, а потоа да се изберат нови членови кои ќе ги спроведат неопходните реформи кои ќе придонесат за целосно функционирање на судството.

„Не знаеме оваа ситуацијаа со Судскиот Совет како ќе заврши, но се надеваме дека Судскиот совет ќе се одважи соодветно, односно членовите за да го задржат својот интегриитет, без разлика на тие што гласале за или против, за да си дадат оставки и во насока на подобрување на судскиот систем враќање на довербата на граѓаните, дека ќе се пристапи кон избор на нови членови кои што членови ќее треба да вложат и тоа какви напори за одговорно работење за спроведувањње на квалитетни и соодветни реформи кои што ќе значат целосно фунскционирање на судството, зголемување на довербата на граѓаните и намалување на политикчките притисоци и влијанија во правосудтсвото“, рече Петковска.

Седницата на Судскиот совет закажана за денеска, на чијшто дневен ред беше избор на нов претседател, повторно се одложи без никакво објаснување. Не се знае ниту кога ќе се закаже нова.

Првиот обид за избор на нов претседател беше минатиот четврток на 27 април, но тогаш заменик-претседателот Селим Адеми ја одложи седницата со објаснување дека кога се избира претседател пожелно е да се присутни сите 13 члена со право на глас, а тогаш беше отсутна Мирјана Радевска-Стефкова.

Неофицијално, се зборуваше дека заднината на одложувањето е немањето мнозинство од осум гласа потребно за избор на нов претседател.

На предлог на Адеми, ден претходно (26 април), од претседателската функција беше разрешена Весна Дамева. Со Адеми, „за“ гласаа уште шестмина други членови на Судскиот совет: Миљазим Мустафа, Ханиф Зендели, Мирсад Суроји, Сашко Георгиевски, Лорета Георгиева и Павлина Црвенковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот