Членот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц повика на избори во септември

Министерот за одбрана на Израел, Бени Ганц / Фото: Архива

Бени Ганц кој е член на израелскиот воен кабинет повика на национални избори во септември, во време кога владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху се соочува со притисок дома и во странство поради војната во Газа.

„Одредувањето на таков датум ќе ни овозможи да продолжиме со нашите воени напори додека им сигнализираме на граѓаните на Израел дека сакаме да ја вратиме нивната доверба во нас“, рече Ганц.

Илјадници Израелци редовно излегуваат на улиците за да бараат нови избори, во услови на бројни критики кон Нетанјаху и гнев поради начинот на кој неговата влада се справува со преговорите за ослободување на 134 израелски заложници кои Хамас ги држи во Газа шест месеци од избувнувањето на војната

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот