Чизмите во кои Џулија Робертс го заведе Ричард Гир на аукција: Почетната цена – „ситница“

Фото: Профимедиа

Во понудата на аукцијата ќе се најдат и предмети од филмовите „Матрикс 2“, „Бетмен“, „Осмиот патник“…

Годишната аукција на реквизитската куќа „Prop Store“ која продава препознатливи предмети од филмовите и ТВ сериите, овој пат ќе вклучи предмети од филмовите „Убава жена“, „Матрикс 2“, „Војзна на ѕвездите“, „Бетмен“, „Осмиот патник“, „Лавиринт“ и други…

Аукцијата ќе биде одржана на 1 и 2 декември оваа година, а онлајн регистрацијата и лицитацијата може да се испратат до 29 октомври.

Во понудата е комплетното одело на Кијану Ривс како Нео во филмот „Матрикс 2“ од 2003 година, чија вредност се проценува меѓу 52.000 и 78.000 долари. Ако тоа не им е интересно, тогаш лицитаторите можат да ја купат механичката глава од вонзмјанинот, со специјални ефекти, од филмот „Осмиот патник“ од 1979 година.

Чизмите со висока потпетица, кои Џулија Робертс ги носеше во филмот „Убава жена“ од 1990 година, исто така се на аукција, за вредност меѓу 13.000 и 19.000 долари.

Покрај тоа, во понудата се и кристалната кугла, потпишаните фотографии и билетите за забава од „Лавиринт“ (1986) во кој играше Дејвид Боуви, како и мечот – lightsaber на Оби-Ван Кеноби, кој го толкуваше Хуан Мекгрегор во „Војна на ѕвездите“ во вредност од 103.000 до 155.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот