Четвртата скопска „Парада на гордоста“ ќе се одржи на 24 јуни

Фото: Слободен печат

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија го најави овогодинешното издание на „Парадата на гордоста“, кое ќе се одржи на 24 јуни.

Како што наведоа организаторите, почетната точка, како и досега, ќе биде во паркот „Жена-борец“, каде во 17 часот ќе започне собирањето на учесниците, а во 19 часот, по кратките поздравни говори ќе започне протестниот марш по скопските улици, според истата рута како и минатите години. Тој ќе заврши со културно-музичка програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.

„Напредокот на полето на правата на ЛГБТ+ луѓето не е изедначен, ниту пак е доволен, а постојано е соочен со напади од сили кои се противат на универзалните човекови права. Токму затоа, Прајдот останува важна форма на протест на ЛГБТ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството“, велат од Националната мрежа.

Ирена Цветковиќ се осврна на актуелниот контекст и загрижувачки силното негативно мобилизирање на верските заедници, конзервативните и популистичките политичари и партии, како и антиродовите движења против ЛГБТИ заедницата, „особено против најранливиот и најмаргинализираниот дел од заедницата, нашите транс браќа и сестри“.

„Во ваква непријателска средина кога говорот на омраза и насилствата се во пораст, а хомофобијата и трансфобијата стануваат доминанта позиција на носителите на моќ, да се биде Горд и Гласен претставува отпор и протест против системот кој угнетува. ЛГБТИ заедницата минала низ многу тешки периоди, ќе минеме и низ овој само со исправена глава, горди и гласни во остварувањето на нашата визија за свет на еднаквост и просперитет“, рече Цветковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот