Четири години без виртуозот на виолина: На денешен ден почина маестро Зоран Џoрлев
Виртуозот на виолина, маестро Зоран Џорлев, почина на 1 јануари 2021 година во Скопје.
Препорачано
Во 53-тата година од животот почина македонскиот виолинист, концертен музичар и професор, Зоран Џорлев.
Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година. Тој доаѓа од музичко семејство, дете е на Наско и Грозда Џорлеви, а татко му е познат композитор на народна музика и водач на оркестар.
Кога бил првоодделенец, со семејството се преселил во Скопје. Уште во раното детство, во Струмица, почнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина.
Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје.
Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година.
Џорлев исто така долги години беше и водител на музички емисии како: Емисијата „Зајди, зајди“ на телевизија Алфа во период од 2009 до 2010 година, „Зора зори“ на телевизија Сител (2011-2012 година), „По патот на песната“ на МТВ во 2015 година и последната негова емисија „Запеј ја онаа нашата“ на телевизија Алфа (2019-2020 година).


