Честитка од претседателот на Демократскиот сојуз на Власите, Бабовски по повод 23 Мај, Национален ден на Власите

23 Мај, Националниот ден на Власите, е денот кога се потсетуваме на минатото, се соочуваме со сегашноста и носиме одлуки за иднината. Оставајќи значајни траги низ историјата на балканските држави, Власите и понатаму ја продолжуваат улогата на конструктивен и прогресивен дел во современите општества.

На овој ден се потсетуваме на славните ликови кои Власите му ги подариле на човештвото. Од Михајло Пупин, научник и пронаоѓач, првите сниматели на Балканот, браќата Милтон и Јанаки Манаки, Баронот Ѓорѓе Сина кој го изградил мостот со кој ги обединил Будим и Пешта, Никола Думба најголемиот покровител на уметноста во Виена по чија нарачка Јохан Штраус го напишал познатиот валцер “На убавиот син Дунав” и голем финансиски подржувач на композиторот Рихард Вагнер, до Бранислав Нушиќ врвниот комедиограф, Јован Стерја Поповиќ драмски писател, Стерјо Боздов основачот и првиот декан на медицинскиот факултет во Скопје. И уште многу други.

Влашкиот народ и денес е општествено одговорен и заедно со македонскиот народ, но и другите заедници, активно работат за надминување на сите предизвици со кои се соочува Република Северна Македонија. Ја разбираме економската состојба на нашата држава, но Власите имаат потреба од поголема државна помош за зачувување на јазикот, културата, преку културно уметнички друштва, како и поголема финансиска помош на влашките здруженија кои работат на афирмирањето на влашката заедница.

Од ова зависи иднината на овој народ чиј јазик и култура незабележително исчезнуваат. На 23 Мај 1905 год. во рамките на Отоманската Империја, султанот Абдул Хамид Втори со посебен документ Ираде ги признал Власите како посебен милает со право на отворање на свои училишта, богослужба на влашки јазик. Токму ова им е потребно на Власите и по 116 години од нивното признавање.

Пораката до влашкиот народ на овој 23 Мај е: “Чувајте го својот јазик, својата култура, традиција и обичаи како бисер во мултикултурниот свет и бидете горди на своето потекло”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот