Чери Спорт: Калин и Вишња најдобри на зелениот турнир, Томи и Сара најдобри на портокаловиот

Фото Чери спорт

Организацијата „Чери спорт“ го одржува првиот од циклусот црвени, портокалови и зелени турнири „Играме, патуваме, за спортски успех сонуваме“.

„Играме оваа сабота и недела, со порака дека никој, ама апсолутно никој, не смее и нема право да го прекине детскиот сон“, вели организаторот Вилма Марковска од „Чери спорт“.

Томи Јакимовски е победник на портокаловиот турнир за момчиња. Второто место го освои Коста Заев, додека третото место го поделија Симон Иванов и Олег Џартовски. Сара Стојчевска победи на портокаловиот турнир за девојчиња. Второто место го освои Лина Мечалова, додека третото го поделија Ана Алексовска и Јана Јовановска.

Калин Шољаковски е победник на зелениот турнир за момчиња. Второто место го освои Максим Дојчинов, додека третото место го поделија Коста Заевски и Томи Јакимовски. Вишња Митиќ победи на зелениот турнир за девојки. Второто место го освои Јована Атанасовска, додека третото место го поделија Симона Китановска и Марија Попоска.

Тамара Нелковска собра најмногу бодови на црвениот турнир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот