Челси за освоеното Светско клупско првенство добил реплика на трофејот, оригиналот останал кај Трамп
Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат не поради политиката, туку благодарение на фудбалот. Поранешниот претседател на САД откри дека оригиналниот трофеј од неодамна завршеното Светско клупско првенство со 32 екипи, останал во неговата канцеларија и тоа како подарок од ФИФА при посетата на првиот човек на светската организација, Џани Инфантино.
Препорачано
Најновото издание на турнирот, кое по првпат се играше со проширен формат, заврши со триумф на англиски Челси, но вистинскиот клуб за победата добил реплика на оригиналиот трофеј, бидејќи оригиналот останал во канцеларијата на американскиот претседател.
„Го прашав Инфантино кога ќе си го земат трофејот. Ми одговорија дека нема да го земат никогаш, може да остане кај мене засекогаш. Ми кажаа дека ќе направат нов и навистина направија“, изјави Трамп.
Според информациите на медиумите, трофејот што го доби Челси како победник на турнирот е идентичен со оној што сега се наоѓа во канцеларијата на Трамп, без никакви разлики во изгледот и квалитетот. Претходно беше објавено дека вредноста на трофејот е 230.000 долари и во него има 24 каратно злато.


