ЦЕНТКОМ: Петмина борци на ИД убиени во Ирак

Ирачките безбедносни сили поддржани од американските трупи елиминираа пет припадници на Исламска држава во ирачкиот регион Киркук, соопшти денеска американската Централна команда (ЦЕНТКОМ).

– Операцијата во северен Ирак во петокот (31 јануари) беше спроведена со прецизни воздушни напади, објави ЦЕНТКОМ на Икс.

ЦЕНТКОМ наведува дека по операцијата пронајдени се повеќе самоубиствени појаси со експлозив и други материјали.

Американските сили за време на операцијата обезбедиле техничка поддршка и разузнавачки информации.

ЦЕНТКОМ најави дека американските сили ќе продолжат да се борат против ИД во регионот „за заштита на татковината“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот