Цената на нафтата се зголеми на 106 долари

Пад на цената на нафтата / Фото: Архива на Слободен печат

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари се искачија до 106 долари, бидејќи најавите за координирана продажба на нафта од стратешките резерви не ги ублажија стравувањата од прекини во снабдувањето поради руската инвазија на Украина и санкциите против Москва.

Цената на барел нафта со датум на испорака во мај на лондонскиот пазар порасна за 7,83 долари во однос на претходното затворање, на 105,8 долари.

На американскиот пазар со барели се тргуваше во договори со рок на испорака во април за 8,27 долари повисоки, на 103,99 долари.

Пазарите внимателно ја следат руската агресија врз Украина.

Економската изолација на Русија денеска се продлабочи откако големата логистичка компанија „Маерск” објави дека ќе го прекине контејнерскиот сообраќај со Русија. Велика Британија им забрани влез во нивните пристаништа на сите бродови кои на кој било начин се поврзани со Русија.

„Сензитивната ситуација на Украина и финансиските и енергетските санкции против Русија ќе продолжат да ја поттикнуваат енергетската криза и ќе ја одржат цената на нафтата далеку над 100 долари за барел на краток рок, а може да бидат повисоки доколку конфликтот дополнително ескалира”, смета Луиз Диксон од Ристад енерџи.

Големите нафтени и гасни компании, вклучително БП и Шел, најавија повлекување од операциите и заедничките вложувања во Русија, додека францускиот Тотал соопшти дека нема планови за дополнителни инвестиции.

ВО ЖИВО | Руско-украинскиот конфликт продолжува, вести од минута во минута

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот